Powered by

Претворетего невозможнотово реалност

Речиси сте таму.

Регистрирајте го вашето купување сега и добијте до 24.600 ден поврат на пари (cashback) за вашиот нов Canon фотоапарат, RF објектив или ImagePROGRAF PRO печатач.

Членовите на CPS добиваат дополнителни 10% – подгответе го вашиот уникатен CPS број пред да поднесете барање.
Сè уште не сте член? Прво приклучете се на CPS за да го отклучите дополнителниот cashback.

Updated on 7:54 AM / 11-Mar-2026

Правила и услови на промоцијата на Canon CEE „Подгответе се за сезона 2026“

1. ПРОМОТИВНИ ПРОИЗВОДИ, ПРОМОТИВЕН ПЕРИОД И УЧЕСНИЦИ

1.1. Оваа промоција е достапна само на набавки направени од производите на листата наведена/прикачена подолу („Промотивни производи”) во Р. Северна Македонија од овластени партнери помеѓу 16.03.2026 - 19.04.2026 година, вклучително („Промотивен период”). Промотивните производи можат да се продаваат само како тело на фотоапарат за фотографии или тело само за видеа или како дел од комплет на објективи или како пакет но може да се направи само ЕДНО барање по комплет или пакет. Набавките мора да се вистински набавки за готовина или негов еквивалент.

1.2. Сите учесници мора да бидат на возраст од 18 години или постари и мора да бидат жители на Р. Северна Македонија („Учесник”).

1.3. Се зема предвид дека сите учесници се согласиле да бидат обврзани со овие правила и услови.

1.4. Сите производи мора да бидат набавени во Р. Северна Македонија и мора да биле доставени и дистрибуирани до трговците на мало од Canon CEE GmbH („Canon”) или од групата компании на Canon лоцирани во EEA. Ве молиме проверете со вашиот трговец за веродостојноста на горенаведеното за да се избегнат разочарувања. Продавниците на интернет мора да прикажуваат регистрирана/поштенска адреса во Р. Северна Македонија.

1.5. Сите промотивни производи мора да бидат нови и оригинални производи на Canon. Набавки на употребувани, реновирани или обновени производи, или производи кои се фалсификувани или ги прекршуваат на кој било начин правата на интелектуалната сопственост на групата компании на Canon (на пример, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на паралелни или "сиви" производи) нема да се квалификуваат за оваа промоција.

 

2. КАКО ДА УЧЕСТВУВАТЕ

2.1. За да учествувате во промоцијата, учесникот мора да набави промотивен производ во Р. Северна Македонија, во промотивниот период И да поднесе валидно барање онлајн во периодот помеѓу 16.03.2026 - 03.05.2026година.

2.2. Барањата мора да бидат поднесени онлајн со целосно и исправно пополнување (вклучувајќи гии одредените валидни сериски броеви на EЕA производите) на образец за барање, на https://www.canon.com.mk/offers/getready/.  Учесниците ќе треба да скенираат, постават и прикачат на онлајн образецот копии од нивните сметки или потврдите за онлајн навабка како и слика од серискиот број и EAN кодот кој се наоѓа на пакувањето на производот. Учесниците ќе добијат електронска пошта во рок од 48 часа која го потврдува успешното добивање на нивното барање. Доколку не добиете потврдна електронска пошта во рок од 48 часа по поднесеното барање, ве молиме контактирајте не преку е-поштата: info@canon.rs.

2.3. Регистрираните членови на Canon Professional Services (CPS) со активен и важечки CPS статус (себро, злато или платинум) во моментот на поднесувањето на барањето за поврат на готовина, се квалификуваат да ги добијат само износите на поврат на пари за членови на CPS како што е наведено во клаузула 8 (колона Износ на поврат на готовина за членови на CPSод табелата со промотивни производи) од овие правила и услови.

2.4. Износите на поврат на пари за членови на CPS вклучуваат дополнително 10% поврат на готовина, пресметано врз основа на стандардниот износ на поврат на готовина применлив за конкретниот промотивен производ. Точните износи на поврат на пари на квалификуваните членови на CPS се детално наведени во клаузула 8 (колона Износ на поврат на пари за членови на CPSод табелата со промотивни производи) од овие правила и услови.

2.5. Повратот на пари на членовите на CPS ќе биде одобрен само доколку се исполнети двата критериуми за квалификување наведени подолу:

    • Учесникот доставил важечки број за членство во CPS за време на процесот на регистрација на барањето за поврат на пари.
    • Членството во CPS е успешно потврдено од Canon по своја дискреција.

2.6. Ако статусот на членство во CPS не може да биде потврден или се смета за неважечки, истечен или на друг начин неквалификуван, подносителот на барањето ќе го добие само стандардниот износ на поврат на готовина како што е наведено во колона „Износ на поврат на пари“ од табелата со промотивни производи, без дополнителниот 10% поврат на пари, пресметан врз основа на стандардниот износ за поврат на пари применлив за конкретниот промотивен производ.

2.7. Canon го задржува правото да го одбие или отповика дополнителниот поврат на пари доколку доставените детали за членство во CPS се неточни, неважечки, истечени или не можат да се потврдат на друг начин. Компанијата исто така го задржува правото да ја измени или повлече оваа понуда во секое време без претходна најава.

2.8. Промотивните производи се предмет на достапност додека траат залихите на истите. Canon нема да биде одговорен за неуспехот на трговците на мало да ги исполнат нарачките на промотивни производи за време на промотивниот производ.

2.9. Canon нема да обработи никакви барања примени по истекот на рокот за прием на истите по 3.5.2026 година. Canon нема да процесира барања кои според неговото мислење се нецелосни или нечитливи. Canon нема да биде одговорен за одложени или неуспешно примени барања.

2.10. Може да се направи само едно барање за набавен промотивен производ.

2.11. Барања од компании или поединци кои прават набавки на големо (повеќе од 6 промотивни производи за време на промотивниот период, освен кога релевантните производи се дел од колекции или пакети како што е опишано во клаузулата 1.1) нема да бидат прифатливи за оваа промоција.

2.12. Оваа промоција не може да се откупи во поврзаност со која било друга промоција.

 

3. ПОВРАТ НА ПАРИ

3.1. Учесниците ќе добијат поврат на пари во износите прикажани за набавките на промотивните производи.

3.2. По приемот и верификацијата на барањето, Canon ќе организира директна IBAN исплата на банкарска сметка на учесникот. Нема да се применат други алтернативни аранжмани и нема да биде понудена исплата со пари или со чек.

3.3. Canon ќе се обиде да го направи трансферот во рок од 28 дена по приемот на целосното и валидно барање.

3.4. Доколку учесник не избере една од понудените валути на образецот за барање, може да се додели според апсолутно дискреционо право на Canon.

3.5. Ќе се издаде само една IBAN исплата по едно важечко барање.

3.6. Ако сте регистриран ДДВ обврзник во Р. Северна Македонија и добивате поврат на пари, тоа може да ја намали оданочуваната вредност на вашата набавка и затоа можеби ќе треба соодветно да го намалите влезниот данок.

3.7. Сите даноци, давачки или давачки наметнати или применливи за повратот на пари, ќе бидат на товар на учесникот и Canon нема да прифати никаква одговорност во однос на ова.

 

4. ПРОМОТОР

4.1. Промоторот е Canon CEE GmbH, Am Europlatz 2, 1120, Виена, Австрија.

 

5. ОДРЕКУВАЊА

5.1. Во најголема мера дозволена со закон, Canon нема да одговара за каква било загуба, штета или повреда од каква било природа, предизвикана од кој било учесник во рамките на оваа промоција. Меѓутоа, ништо во овие правила нема да има ефект на исклучување или ограничување на одговорноста на Canon за лична повреда или смрт предизвикана од докажана небрежност на вработените или агентите на Canon.

5.2. Canon го задржува правото да ја поништи, прилагоди, и/или измени оваа промоција во секое време без никаква одговорност.

5.3. Canon го задржува правото да ревидира барања за да обезбеди усогласеност со овие правила и услови и да побара дополнителни информации и придружни документи. Canon го задржува правото да исклучи барања и/или учесници ако се посомнева дека промоцијата се злоупотребува на каков било начин. Одлуките на Canon во врска промоцијата се конечни и нема да бидат внесени кореспонденции.

 

6. ПОДАТОЦИ

6.1. Canon Europa N.V., 59 Bovenkerkerweg, 1185 XB е контролор на податоци во однос на какви било лични податоци доставени од Учесниците. Кои било лични податоци доставени до нас ќе бидат обработени од Benamic, IDA Business & Technology Park, Ring Road, Килкени, Ирска, заради администрирање на оваа промоција и доколку е применливо, за маркетинг цели - во случаи кога учесниците се определиле да добијат маркетинг комуникација од Canon. Дадените лични податоци се чуваат безбедно и можат да бидат пренесени на безбеден сервер надвор од EEA.

6.2. Личните податоци собрани од учесниците се предмет на Политиката за приватност на податоците за потрошувачите на Canon http://www.canon.com.mk/privacy-policy/.

 

7. ПРАВО И ЈУРИСДИКЦИЈА

Овие правила и услови и сите спорови кои произлегуваат од или во врска со нив ќе се регулираат и толкуваат во согласност со законите на Австрија и ќе бидат предмет на неексклузивната надлежност на австриските судови.

 

8. ПРОМОТИВНИ ПРОИЗВОДИ

 

Модел

Износ на поврат на пари (ден.)

Износ на поврат на пари за членови на CPS (ден.)

EOS R1 V6 BODY

 24.600 MKD

 27.060 MKD

EOS R1 V5 BODY

 24.600 MKD

 27.060 MKD

EOS C80 BODY

 18.450 MKD

 20.295 MKD

EOS C70 BODY

 12.300 MKD

 13.530 MKD

EOS C50 BODY

 12.300 MKD

 13.530 MKD

EOS R5 C V2.4 BODY

   9.225 MKD

 10.148 MKD

EOS R5 C BODY

   9.225 MKD

 10.148 MKD

EOS R5 MARK II V5 BODY

 18.450 MKD

 20.295 MKD

EOS R5 MARK II V6 BODY

 18.450 MKD

 20.295 MKD

EOS R5 MARK II V6 + RF 24105 L KIT

 18.450 MKD

 20.295 MKD

EOS R5 MARK II V5 + RF 24105 L KIT

 18.450 MKD

 20.295 MKD

EOS R5 V5 BODY

 15.375 MKD

 16.913 MKD

EOS R5 V2.4 BODY

 15.375 MKD

 16.913 MKD

EOS R5 V5 + RF 24-105 L KIT

 15.375 MKD

 16.913 MKD

EOS R5 V2.4 + RF 24-105 L KIT

 15.375 MKD

 16.913 MKD

EOS R6 MARK II V5 BODY

 18.450 MKD

 20.295 MKD

EOS R6 MARK II V5 + RF 24-105 S KIT

 18.450 MKD

 20.295 MKD

EOS R6 MARK II V5 + RF 24-105 L KIT

 18.450 MKD

 20.295 MKD

EOS R6 MARK II V2.4 + RF 24-105 S KIT

 18.450 MKD

 20.295 MKD

EOS R6 MARK II V2.4 + RF 24-105 L KIT

 18.450 MKD

 20.295 MKD

EOS R8 BODY

   9.225 MKD

 10.148 MKD

EOS R8 BODY + LP-E17 DOUBLE BATTERY KIT

   9.225 MKD

 10.148 MKD

EOS R8 + RF 24-50 F4.5-6.3 IS STM KIT

   9.225 MKD

 10.148 MKD

EOS R8 + RF24-105 F4-7.1 IS STM KIT

   9.225 MKD

 10.148 MKD

EOS RP BODY

   6.150 MKD

   6.765 MKD

EOS RP + RF 24-105 S KIT

   6.150 MKD

   6.765 MKD

EOS R7 BODY

   6.150 MKD

   6.765 MKD

EOS R7 + RF-S 18-150 IS STM KIT

   6.150 MKD

   6.765 MKD

EOS R10 BODY

   6.150 MKD

   6.765 MKD

EOS R10 + RF-S 18-45 IS STM KIT

   6.150 MKD

   6.765 MKD

EOS R10 + RF-S 18-150 IS STM KIT

   6.150 MKD

   6.765 MKD

EOS R50 V BK V2.4 BODY

   6.150 MKD

   6.765 MKD

EOS R50 V BK V2.4 + RF-S14-30 KIT

   6.150 MKD

   6.765 MKD

EOS R50 V BK V5 BODY

   6.150 MKD

   6.765 MKD

EOS R50 V BK V5 + RF-S 14-30

   6.150 MKD

   6.765 MKD

EOS R50 V+RF-S14-30 V2.4 CONTENT CREATOR KIT

   6.150 MKD

   6.765 MKD

EOS R50 V+RF-S14-30 V5 CONTENT CREATOR KIT

   6.150 MKD

   6.765 MKD

EOS R50 BK BODY

   6.150 MKD

   6.765 MKD

EOS R50 BK + RF-S 18-45 S KIT

   6.150 MKD

   6.765 MKD

EOS R50 WH + RF-S 18-45 S KIT

   6.150 MKD

   6.765 MKD

EOS R50 BK + RF-S 18-45 S CONTENT CREATOR KIT

   6.150 MKD

   6.765 MKD

EOS R50 BK + RF-S 18-45 S+BAG+SD TRAVEL KIT

   6.150 MKD

   6.765 MKD

EOS R50 BK + RF-S18-45 + RF75-300 KIT

   6.150 MKD

   6.765 MKD

EOS R50 BK + RF-S 18-45 S + RF-S 55-210 S KIT

   6.150 MKD

   6.765 MKD

EOS R50 BK + RF-S 18-150 S KIT

   6.150 MKD

   6.765 MKD

EOS R100 + RF-S 18-45 S KIT

   4.920 MKD

   5.412 MKD

EOS R100 + RF-S 18-45 S + RF-S 55-210 S KIT

   4.920 MKD

   5.412 MKD

EOS R100 BK + RF-S 18-45 S+BAG+SD TRAVEL KIT

   4.920 MKD

   5.412 MKD

EOS R100 + RF-S18-45 + RF75-300 KIT

   4.920 MKD

   5.412 MKD

Powershot V1

   6.150 MKD

   6.765 MKD

Powershot V1 Premium Vlogger Kit

   6.150 MKD

   6.765 MKD

RF 24-105MM F2.8 L IS USM Z LENS

 12.300 MKD

 13.530 MKD

RF 70-200MM F2.8 L IS USM Z BLACK LENS

 12.300 MKD

 13.530 MKD

RF 70-200MM F2.8 L IS USM Z WHITE LENS

 12.300 MKD

 13.530 MKD

RF 15-35MM F2.8 L IS USM LENS

   9.225 MKD

 10.148 MKD

RF 24-70MM F2.8 L IS USM LENS

   9.225 MKD

 10.148 MKD

RF 70-200MM F2.8 L IS USM LENS

   9.225 MKD

 10.148 MKD

RF 100-500MM F4.5-7.1 L IS USM LENS

   9.225 MKD

 10.148 MKD

RF 28-70MM F2 L USM LENS

   9.225 MKD

 10.148 MKD

RF 20mm F1.4L VCM LENS

   6.150 MKD

   6.765 MKD

RF 24mm F1.4L VCM LENS

   6.150 MKD

   6.765 MKD

RF 35mm F1.4 L VCM LENS

   6.150 MKD

   6.765 MKD

RF 50mm F1.4L VCM LENS

   6.150 MKD

   6.765 MKD

RF 85mm F1.4L VCM LENS

   6.150 MKD

   6.765 MKD

RF 100MM F2.8 L MACRO IS USM LENS

   6.150 MKD

   6.765 MKD

RF 24-105MM F4 L IS USM LENS

   6.150 MKD

   6.765 MKD

RF 14-35MM F4 L IS USM LENS

   6.150 MKD

   6.765 MKD

RF 16-28mm F2.8 IS STM LENS

   6.150 MKD

   6.765 MKD

RF 28-70mm f/2.8 IS STM

   6.150 MKD

   6.765 MKD

RF 70-200MM F4 L IS USM LENS

   6.150 MKD

   6.765 MKD

imagePROGRAF PRO-1100 Photo Printer

   6.150 MKD

   6.765 MKD

imagePROGRAF PRO-310 Photo Printer

   4.305 MKD

   4.736 MKD

 

 

9. ЛИСТА НА ПРОДАВНИЦИ КОИ УЧЕСТВУВААТ ВО ПРОМОЦИЈАТА:

Pixplus

FStop

Neptun Macedonia

Setec